Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Аксел Витсел ќе биде првото зимско засилување за Јувентус, пренесувааѕ италијанските медиуми!
Белгиецот 6 месеци пред истекот на договорот со Зенит ќе се пресечли во Торино, откако двата клуба постигнаа договор за трансфер вреден 6 милиони евра.
Витсел беше на чекор од Јувентус уште во летниот преоден рок, но тогаш Зенит во последен момент го стопираше трансферот.
Со оглед на фактот што играчот веќе има постигнато договор со „бјанконерите“ одби да го продолжи договорот со рускиот клуб, па се очекуваше на крајот на сезоната како слободен играч да се пресели во Јувентус.
Сепак, „старата дама“ сака да го има играчот за врска уште во јануари и испрати официјална понуда која Зенит ја прифати.
Трансферот официјално ќе биде потврден на 3-ти јануари, кога ќе биде отворен зимскиот преоден рок.