Готово: Јуве ја плаќа клаузулата за ѕвездата на Севиља!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Како што пренесуваат најугледните италијански медиуми Јувентус е на добар пат да го засили средниот ред со ѕвездата на Севиља, Стивен Н’Зонзи.

Алегри по секоја цена сака да му биде донесен најмалку еден играч за врска во јануарскиот преоден рок, а најголемата желба е токму Н’Зонзи.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус веќе почнал преговори со неговиот агент и е спремен да ја активира откупната клаузула која изнесува 30 милиони евра.

„Бјанконерите“ во моментов преговараат со Севиља за начинот на плаќањето на клаузулата. Италијанскиот клуб сака да плати прва транша од 15 милиони евра веднаш, а останатите 15 милиони да ги плати следното лето.

Н’Зонзи оваа сезона игра феноменално во дресот на Севиља и го привлече вниманието на многу европски гиганти, но Јувентус беше најбрз и само детали го делат од реализација на трансферот.