Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанскиот весник „АС“, кој важи за близок на Реал Мадрид на денешната насловна страна тврди дека Лука Јовиќ ќе биде нов напаѓач на „кралскиот“ клуб.
Долго време Барселона важеше за фаворит за неговиот потпис, но Каталонците наводно се отлажале од голгетерот на Ајнтрахт Франкфурт.
„Диарио Гол“ пред неколку дена ексклузивно пренесе дека Јовиќ веќе постигнал договор со Реал Мадрид и дека наскоро ќе потпише договор на шест години, а денес стигна потврда и од „АС“.
Мадридскиот весник пишува дека Србинот е трансфер цел број еден на „кралевите“ и дека целиот трансфер ќе го чини Реал Мадрид 60 милиони евра. Јовиќ на „Сантиаго Бернабеу“ ќе заработува 4 милиони евра по сезона.
Зидан побарал од претседателот Перез брзо да реагира и да го донесе Јовиќ на „Сантиаго Бернабеу“, а „кралскиот“ клуб наводно веќе ги договорил сите детали од трансферот.
Зидан сакаше да донесе во тимот млад напаѓач кој ќе може да биде алтернатива за Бензема и во иднина прв напаѓач на „кралевите“. Доаѓањето на Јовиќ ќе значи и заминување на Маријано Дијаз.
Лука Јовиќ игра фантастична сезона и до сега на 37 настапи за Ајнтрахт постигна 23 гола и запиша 7 асистенции во сите натпреварувања.
🗞️ Aquí está la portada de hoy, sábado 4 de mayo
📰 Jovic, hecho pic.twitter.com/eRafxoGy8u— Diario AS (@diarioas) May 3, 2019