Готово: Де Лихт на чекор од Барселона!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Матијас де Лихт е еден од најбараните фудбалери во Европа, а „Скај Спорт“ пренесува дека донел конечна одлука за својата иднина.

Капитенот на Ајакс беше мета на Барселона, Баерн Минхен, Јувентус, Манчестер Јунајтед и ПСЖ, но тој одлучил кариерата да ја продолжи на „Камп Ноу“.

Еминентниот медиум тврди дека е постигнат комплетен договор и во следните неколку дена Де Лихт и официјално ќе биде промовиран во нов играч на Барселона.

Капитенот на Ајакс ќе го чини каталонскиот клуб околу 80 милиони евра, а Де Лихт ќе стави потпис на 5-годишен договор со клубот од „Камп Ноу“.