Готово: Азар се договори со Реал, познати деталите!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Eден Азар веќе подолго време се поврзува со Реал Мадрид и според голем дел од фудбалската јавност овој трансфер ќе се реализира.

Денес каталонскиот весник „Спорт“ објави вистинска трансфер-бомба и тврди дека Еден Азар постигнал договор со Реал Мадрид, па дури ги објави и деталите.

Белгискиот репрезентативец се очекува да потпише петгодишен договор вреден 16,5 милиони евра по сезона и со тоа би станал вториот најплатен играч во клубот, по Гарет Бејл.

Позната е желбата на Азар да соработува со неговиот идол од детството Зинедин Зидан, а се пишува дека токму после директниот разговор со Зидан Азар кажал „да“ на понудата од „кралевите“.

Договорот на Азар со Челзи истекува на крајот на следната сезона и Белгиецот неколку пати претходно ги одбиваше понудите на „сините“ за нов договор. Реал наводно понудил околу 80 милиони евра за Азар, а лондонскиот клуб бара 115 милиони евра.

Сепак, Челзи не е во добра позиција за преговарање бидејќи следното лето може да го изгуби фудбалерот без обештетување, па медиумите тврдат дека трансферот ќе биде договорен за 90 милиони евра.

Челзи има проблем и поради забраната за купување на нови играчи не ќе може да доведе негова замена, а на „Стемфорд Бриџ“ прават се за да ја одложат забраната за трансфери од УЕФА и да можат да донесат замена за Белгиецот.