Готово: Арсенал го договори „српскиот Меси“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот репрезентативец Андрија Живковиќ оваа сезона блеска во дресот на Бенфика и многу европски гиганти се интересираат за неговиот потпис.

Скаутите на Севиља, Валенсија и Арсенал го следат Живковиќ скоро на секој натпревар, а последните информации од медиумите тврдат дека „топџиите“ биле најконкретни.

Португалските медиуми тврдат дека Арсенал веќе започнал преговори со Бенфика и е спремен да плати 30 милиони евра за „српскиот Меси“.

21-годишниот Живковиќ е офанзивен играч за врска кој може да игра и по крилните позиции, па токму неговата поливалентност го прави идеален фудбалер за тимот на Арсен Венгер.