Готово: Алексис Санчез заврши со Манчестер Јунајтед!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Алексис Санчез пристигна на „Олд Трафорд“ во јануари како големо засилување, но се вклопи во сивилото на тимот и не пружа партии какви што се очекуваше од него.

И оваа сезона Санчез игра многу слабо и често е на клупата за резерви, па англиските медиуми пренесуваат дека размислува за промена на средината.

„Дејли Мејл“ тврди дека неговите денови на „Олд Трафорд“ се изброени и дека неговиот агент веќе преговара со заинтересираните клубови. Меѓутоа, проблем е огромната плата на Чилеанецот, која другите клубови не се спремни да му ја понудат.

Исто така, фактот дека има уште четири години договор со Манчестер Јунатед додатно го отежнува неговото заминување во јануари, меѓутоа самиот фудбалер инсистира да си замине.

Алексис во девет месеци постигна само 4 гола за Манчестер Јунајтед, па очигледно е само бледа сенка на играчот кој беше во Арсенал.