Господски клуб, господа луѓе: Закупија страница во сите весници и направија фудбалски преседан


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Ајакс направи неверојатен потег после трансферот на Френки де Јонг во Барселона. ожОткако овој млад фудбалски талент и официјално беше претставен од страна на каталонскиот гигант, Ајакс закупи цела страница во сите каталонски весници со цел на навивачите да им порача да уживаат во неговата игра.

Де Јонг е еден од најдобрите млади играчи во Европа и многумина сметаат дека ќе биде најдобар играч за врска во блиска иднина. А тој уште минатата сезона договори трансфер од Ајакс во Барселона со обештетување од 75 милиони евра.

А колку е Ајакс голем клуб и каков однос има со Барселона, најдобро покажува последниот потег на Холанѓаните кои закупија цела страница во буквално сите каталонски дневни весници и со фотографија од насмеаниот Де Јонг им порачаа на навивачите на каталонскиот клуб да уживаат во неговата игра, а на Де Јонг му порачаа сè најдобро во новиот клуб.

„Барселоно, уживај во него во иднина, како што ние уживавме до сега. Френки, сè најдобро“, порачаа од Ајакс во сите каталонски весници.

Господски клуб, господа луѓе – нема што.