„Господин и госпоѓа Смит“ официјално се „сингл“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со конечна одлука која ја донесе судот, еден од најславните брачни парови од модерната историја на Холивуд познат како „Бранџелина“, официјално е разведен и Бред и Анџелина се и формално „сингл“. Сепак, нивниот развод во финесите уште не е додефиниран.

Анџелина Џоли го тргнала и презимето Пит од своите документи и други формални идентификациски моменти.

Според „Дејли маил“ судот одобрил поранешните сопружници да имаа официјален статус „сингл“. Исто така актерката веќе не се презива Џоли Пит, туку само Џоли.

Инаку, романсата меѓу Бред и Анџелина започна пред повеќе од една деценија на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“.