Home Актуелно Господин човек: Мијалков на слобода ја дочекал 2023 година

Господин човек: Мијалков на слобода ја дочекал 2023 година

Бившиот директор на УБК, Сашо Мијалков, новогодишната ноќ ја поминал на слобода, односно надвор од струшкиот затвор.

Од Управата за извршување на санкции велат дека Мијалков користел право кое му го дава законот.

– Осуденикот имал право на слободен викенд од три дена кои ги искористил во посочениот период, одговориле за ,,Фокус” од Управата.

Екс директорот на УБК во затворот во Струга ја издржува тригодишната казна која му беше досудена за случајот ,,Империја”. Тој наутро заминува на работа, а навечер се враќа во затворот.

Пресудата му беше изречена на 8 јули, откако тој призна вина за „злосторничко здружување“ и „противправно стекнување имот“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…