Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Секоја година, со доаѓање на средниот есенски и зимскиот период, загаденоста во Македонија е горлив проблем за кој никогаш досега не сме покажале волја, желба, но и концепт и стратегија да се реши.
Ужасна загаденост на воздухот во метрополата. Во скопската населба Автокоманда синоќа беа измерени дури 827 пм 10 честички, а во Маџир Маало 614. Граѓаните во главниот град и понатаму се гушат во отровен воздух. Лоша прегледност скоро на сите скопски улици, а единствено што можеше да се забележи беше смог и магла. Ништо подобро не беше ни утрово, жителите на повеќе општини го почувствуваа загадениот воздух неколку пати над дозволеното.
14 од вкупно 33 мерни станици во Скопје покажуваат дека квалитетот на воздухот е опасен. Останатите покажуваат висока или делумна загаденост. А само една мерна станица покажува дека воздухот е чист. Односно изутрината цело Скопје ја почувствувало високата загаденост, освен жителите на Сопиште.
Загрижувачките бројки на отровни честички на воздухот, секојдневно растат, а Скопје неколкупати се најде во топ 10 најзагадени градови во светот. Граѓаните реагираат на социјалните мрежи, бараат надлежните да преземат итни мерки за намалување на аерозагадувањето, оти ваквата загаденост може да биде и опасна по здравјето на луѓето.
Вчера градоначалникот се обиде да ги смири граѓаните со тоа што најави трикомпонентна борба против аерозагадувањето. Решението го гледа во јавниот транспорт, со цел граѓаните помалку да го користат автомобилскиот сообраќај, а проектот планира да биде завршен дури крајот на 2021 година, откако ќе му заврши мандатот. Најави и социјални пакети за луѓе кои не можат да си дозволат да се приклучат на централно греење и зголемени инспекциски надзори на индустриските капацитети.
Скопје, не е единствен загаден град во Македонија. Денеска висока загаденост има и во Тетово, Куманово, Свети Николе, Охрид.