Ѓорѓиев: Уште на првиот состанок ни се заканија – Или ќе прифатите дека Гоце Делчев е Бугарин или вето! (ВИДЕО)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Професорот Ванчо Ѓорѓиев, член на мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовани прашања во гостување на 1ТВ откри дека уште на првата средба на комисијата минатата година, од бугарската страна им се заканиле дека доколку не прифатат дека Гоце Делчев е Бугарин, тогаш ќе има вето за Македонија.

-Реакцијата на датумот 7 октомври, ми се чини мене, а и на другите членови на комисијата, дека е само димна бомба за да се прикријат другите нешта и да се сканлдазираат другите суштински прашања, следејќи го Илинденското востание, сите други револуционери па и периодот потоа до 1944, бидејќи тие границата ја ставаат тука, ние од тука постоиме како претходно да не постои ништо. Ниеден народ не може да постои ако нема процес, нациите се конструција и секоја има развоен процес. На првата средба на комисијата почнаа непријастојите закани: Гоце Делчев е Бугарин и ако не го прифатите тоа ќе има вето. Во нивниот предлог за Гоце Делчев ниеднаш не се споменува Бугарин, туку на индиректен начин се спомнува потекнува од бугарско семејство, учи во бугарско училиште… На последната средба која беше потензична, на крајот е утврдена агендата за следната средба. Се сомневам дека ќе се држиме до агендата затоа што слушнав дека едни од нив бараат радикализација, други повлекување од комисијата, а трети се за вето, вели Ѓорѓиев.