Ѓорѓе Иванов: Не го потпишувам законот за јазици, тој е противуставен! (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денес во 17:15 часот, претседателот Ѓорѓе Иванов им се обрати на граѓаните и соопшти дека нема да го потпише указот за Законот за употреба на јазиците, за кој вели дека е противуставен.

„Донесуваме неправеден закон со кој се фаворизира албанскиот јазик. Затоа, поради противуставноста на овој закон донесов одлука да не го потпишувам указот за Законот за употребата на јазицијте. Го информирав Собранието дека нема да го потпишам овој закон и поднесов забелешки за истиот. Ги повикувам пратениците да ги разгледаат забелешките“, рече Иванов.