Гордана Силјановска Давкова официјално е претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На денес одржаната Конвенција на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Струга, со освоени 408 од вкупно 519 гласа на делегатите, Гордана Силајновска Давкова беше официјално избрана за претседателски кандидат на партијата за претстојните претседателски избори.

Силјановска изјави дека мора да излеземе на изборите.

-Сигурна сум дека мојот глас во овие две години допре до луѓе кои можеби никогаш не гласале на избори, биле аполитични, неутрални или до луѓе кои биле членови на некоја партија која е на власт, но сфатија дека има нешто посилно од партијата и од привилигиите дека тоа е Македонија. Ова е вистинскиот момент да се делигитимира власта која создаде хибриден режим во кој Македонија стана скандалозна земја – додаде професорката, која вели дека не верува дека секоја цел може да оправда секое средство. Само македонскиот народ заради Македонија може да биде највисоката цел.

Таа изјави дека бојкот ќе значи само на сегашното место да седне Талат Џафери. Шанса да се смени уставот и претседателот да се бира во Собранието на Република Македонија, што е погубно за земјата – трите власти да и припаднат на една партија.

-Секоја реформа почнува од нас. Не можете да барате реформи од другите, ако не почнете од себе. Ние имаме закон за привилегии на претседател. Имам разбирање за привилегиите на семејството на Трајковски, но ќе ги замолам пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ги укинат законските привилегии за претседателот. Да се намали бројот на министерствата, срамота е сиромашна земја да има 27 министерски места, а Швајцарија да има 7. Парите ќе се пренасочат кон граѓаните.