Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска по распитот во Специјалното јавно обвинителство не сакаше да одговори за кој предмет е повторно повикана да одговара на обвинителски прашања. Според тоа што го изјави денешниот распит не се однесува на некоја нова постапка на СЈО, ниту пак се однесува на предметот за наводно незаконско финансирање на партијата ВМРО ДПМНЕ за време на изборната кампања во 2014 година за кој известуваа дел од медиумите.
Не, не ме прашуваа на таа тема, немам информација кој сведочел, и што сведочел и што кажал впрочем тоа не е моја работа. За она што ме прашуваа јас побарав да ги искористам правата кои ми ги гарантира законот. За кој случај бев повикана мислам дека е коректно да ви каже тој што ве повикал да дојдете тука, бидејќи јас како правник, дословно го читам законот и тој вели дека постапките се тајни, вели Јанкулоска.
Јанкулоска посочи дека за овие предмети за кои е повикана во СЈО, додека биле во надлежност на Основното јавно обвинителство била неколку пати да одговара на обвинителските прашања.
Таа го обвини СЈО дека се пресметува со неистомислениците на СДСМ.
СЈО одамна го загуби кредибилитетот да води какви било постапки кои се поврзани со правото меѓутоа го задржа приматот на еден од најистурените организациони делови на СДСМ, односно алатка во функција на СДСМ кога ним им е потребно да постигнат некоја цел, очигледно е дека во моментов, со наближување кон разрешницата на политичката криза, на Зоран Заев му е потребна помош, тука е СЈО да излезе со нешто што би одело во прилог на опозицијата, изјави Јанкулоска пред СЈО.
На новинарските прашања зошто одговара на повиците за распит на СЈО, истакна дека тоа е државен орган кој без оглед што е производ на политички договор е етаблиран во правниот систем на Македонија.
анкулоска е осомничена во најмалку три предмети од оние кои СЈО јавно ги презентираше. Станува збор за истрагата наречена Титаник која се однесува на изборни манипулации, потоа Тврдина каде СЈО истражува за уништувањето на опремата за прислушување и последната што неодамна ја објавија, а е наречена Тенк во која станува збор за набавката на луксузниот автомобил Мерцедес кој според прислушуваните разговори наместо за МВР бил набавен за потребите на тогашниот премиер Никола Груевски.
Според досега објавените информации од Специјалното јавно обвинителство, Јанкуловска е осомничена во неколку случаи. Според објавеното во Службен весник по одлуката за аболицијата на претседателот Ѓорѓе Иванов, Јанкуловска беше аболирана 14 пати.