Ѓорчев и Димовски не се најдоа на пратеничките листи – партијата на нив смета за во извршна власт


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Искусните пратеници Влатко Ѓорчев и Илија Димовски, заедно со уште неколкумина други искусни пратеници, не се најдоа на пратеничките листи поради концептот главно да одиме со нови лица, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Не се откажуваме од нив, имаат големо искуство и придонеле многу, но концептот за овие избори е нови луѓе. Сметаме на нив во извршната власт“ – изјавил висок партиски функционер за Фокус.

Од долгогодишните истакнати пратеници на ДПМНЕ, на пратеничките листи не се најдоа Ѓорчев и Димовски, но втор на листата во петата изборна единица е Антонијо Милошоски.