Горбачов: Сите знаци покажуваат дека е блиску Студената војна


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Последниот лидер на Советскиот сојуз Михаил Горбачов вели дека е во тек нова трка за вооружување, а за зголемувањето на тензиите го обвини Западот, кој како што рече, не го исполнил ветувањето кон Русија.

Горбачов во интервју за германски Билд изјави дека јазикот кој што го користат политичарите и високите претставници на војската станува се повоинствен.

Воените доктрини се формализираат се поостро. Масовните медиуми се приклучуваат и долеваат масло на огнот. Односите меѓу големите сили се се полоши. Се создава впечаток дека светот се подготвува за војна. Така да ги имаме сите знаци за Студена војна, вели Горбачов.

Тој вели дека Русија дели европски вредности и оти е на патот кон демократијата, но дека тоа е земја која мора да се третира со почит. Последниот лидер на Советскиот сојуз изјави дека често ги критикувал потезите на рускиот претседател Владимир Путин, но оти има доверба во него.

За ситуацијата во Украина, Горбачов изјави дека никој на Запад не може да биде заинтересиран и загрижен за Украина како Русите, но дека некои луѓе имаат интерес да создаваат судири и дека треба да се внимава од пропагандите.