Advertisements
Славни

Горан Стефановски кремиран во Кентербери

Денес, во англискиот град Кентербери, беше кремирано телото на македонскиот писател и драматург Горан Стефановски.

Телото на Стефановски беше кремирано во присуство на бројни роднини, пријатели и неговите студенти од Универзитетот во Кент.

Студентите покренале иницијатива еден од одделите на Универзитетот во Кент да го носи неговото име. Стефановски почина на 27 ноември во Кентербери на 66 годишна возраст.

Неговата последна желба е пепелта да му биде расфрлана во водите на Охридското езеро.

Advertisements

Најпопуларно

To Top