Горан Спировски беше првиот пациент со трансплантирано механичко срце во Македонија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


47-годишниот Горан Спиров е првиот пациент во земјава, кому минатата година во клиниката Систина му беше трансплантирано механичко срце.

Иако имал дилеми дали воопшто да подлегне на ваков зафат, сега е единствено благодарен за, како што вели, дека „кога ќе легне, изутрината станува“. Горан додава дека веќе се навикнал на механичкото срце и апаратот тежок 7 килограми, иако и се шегува на своја сметка.

Горан го примивме во тешка состојба, врзан за кревет, а сега дури и вози автомобил, нагласи професор доктор Александар Николиќ, кој ја изврши операцијата. Тој напомена дека после Горан имало повеќе вакви пациенти, а според статистиките за Македонија – тоа се 20 пациенти годишно.

„Вакви пациенти има се повеќе и повеќе и се смета дека од сите пациенти кои боледуваат од срцева инсуфиенција кај на 2% има потреба од вградување на некој вид направа, или парцијално вештачко срце или целосно, а тоа за популацијата на Македонија е некаде околу 20-тина пациенти на годишно ниво“.

Доктор Николиќ апелира македонските здравствени власти да дозволат трансплантација на срце и во приватните домашни клиники, бидејќи неговиот тим бил кадровски подготвен. Горан се надева токму на трансплантација на т.н. „живо“ срце, бидејќи механичкото е со рок на траење – 6 години.