Горан Папаз и Танче Гроздановски концертно овој викенд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овој викенд музичарите Папаз и Танче концертно ќе го промовираат својот заеднички проект-албум “Елегија”.

Во петок 02.08 настапуваат на првото “Културно лето Пештани 2019”, а во недела 04.08 во Прилеп на локацијата “Јавен простор”, веднаш до саат кулата.

Влезот е бесплатен на двете локации.

После летните одмори, Папаз и Танче најавуваат концертна промоција низ цела држава а и надвор од државата.