Google започна да продава камера која сама ќе ги снима само интересните моменти


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Google минатата година ја претстави малата камера Clips која користи виртуелна интелигенција за да ги снима само интересните моменти. Продажбата на оваа камера започна денес.

До сега не беа познати многу детали за камерата освен нејзината интересна функција. Денес е веќе познато дека камерата чини 249 долари и достапна е за купување со бесплатна достава.

Google камерата Clips најмногу е препорачана на родителите кои сакаат да ги фотографираат своите деца. Идеално е камерата да стои на место од каде ќе опфаќа најширок агол, со цел да може да направи што повеќе интересни работи.

На пример, откако ќе ја сметстите камерата на посакуваното место, со помош на вградена виртуелна интелигенција ги бира најинтересните моменти и снима кратки видеоснимки од по неколку секунди и фотографии. Камерата има можност за препознавање на лица, изрази и слично.

Сите снимки кои ќе ги направи камерата може да се симнат со помош на мобилна апликација.