Google најпосле потврди: Ако ја вклучите оваа опција, смартфонот ќе ви држи повеќе батерија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од Google најпосле потврдија дека „dark mode“ ја чува и штеди батеријата на смартфоните.

На презентацијата одржана на Android Dev Summit, од Google потврдија дека „темниот режим на работа“ на оперативниот систем и апликациите (dark mode) има позитивни ефекти врз издржливоста на батеријата кај Android.

„Dark mode“ е опција која ја менува бојата на темата од оперативниот систем или апликацијата во црна. Долго време се дебатираше за ефектот на оваа опција врз издржливоста на батеријата, но ова е прв пат тоа отворено да биде потврдено, пишува Business Insider.

Во текот на презентацијата од Google го прикажаа податокот за ефективноста на „темниот режим на работа“ врз батеријата кога се користи на апликацијата YouTube. Се покажа дека на полна светлина, „dark mode“ штеди 43% од батеријата во споредба со нормалниот режим на работа (normal mode), кој користи многу бела боја.

Од Google признаа дека згрешиле со тоа што ги охрабрувале развојните инженери на апликации да користат бела боја. Многу апликации им нудат на корисниците „темен режим на работа“, но не сите. Повеќето како главна ја користат токму белата боја.

Така што, ако сакате смартфонот подолго да ви држи батерија, сега и официјално знаете што да направите.

Инаку, постојат апликации кои ја трошат батеријата повеќе од другите. Така, на пример, Snapchat троши најмногу батерија во мирување. Популарниот Tinder, исто така, „јаде“ многу батерија поради следење на локацијата. Microsoft Outlook постојано ја проверува и освежува новата пошта. Аплкацијата од Facebook е вистински предатор за батеријата. Затоа, најдобро е да ја користите Lite верзијата од Facebook.