Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Технолошкиот гигант Google официјално објавил дека за нивниот Chrome пребарувач постои нова опција која функционира независно на кој оперативен систем работите – Windows, Linux или MacOS. Станува збор за Guest Mode.
Во овој режим, Chrome ќе ги избрише сите прабарувања од компјутерот кога ќе излезете од пребарувачот.
Тоа, меѓу другото, подразбира бришење на историја и “колачиња”, но се што ќе преземете останува на вашиот компјутер.
Разликата меѓу “Guest Mode” и “Incognito Mode” е во тоа што и натаму ќе можете да пристапите до сите податоци на вашиот профил додека го користите.
Ова е идеално решение кога користите компјутер на некое друго место, а не дома.
Активирајте “Guest mode” на Windows OS: Десен клик – Најдете “Target” – Додадете “Chrome.exe –Guest”.
Активирајте “Guest mode” на Linux и MacOS: Отворете ја омилената Терминал апликација – Најдете Chrome – Додадете – “–Guest” како параметар и стиснете Ентер.
За да се вратите во обичен режим на пребарување, потребно е само да ги избришете зададените команди, пишува “Bleeping Computer”.