Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кога станува збор за разголувањето и провокативното позирање на социјалните мрежи, 26-годишната Емили Ратајковски слободно можеме да ја вброиме во врвот на кралиците на оваа „дисциплина“.
Заводливата убавица уште еднаш ги фрли сите крпчиња од себе и покажа дека ограничувањата за неа се непознат поим, а голотијата нејзино „второ јас“.
Овој пат, моделот го демонстрира своето обликувано тело во костим за капење, подготвувајќи се подготвена за лето.
Патем, во неодамнешно интервју Емили изјави дека нејзините гради ја полнат со самодоверба и прават да се чувствува сигурна и силна. „Градите се составен дел од мојата сексуалност”, објасни таа.
Но, приватниот семеен живот на моделот не е толку стабилен – сопругот Себастијан Бир-Маклерд беше уловен под рака со друга убавица, мислејќи дека не го следат. Извор, близок на двојката, објасни дека оваа вест доста ја разлутила Емили.
Инаку двајцата се венчаа во март и се фрлија на романтика во мегалускуз на пустинското одморалиште Амангири каде становите стигнуваат до 8 800 долари на вечер.