Голот на Барди во Топ 5 најубави голови во Лигата на нации


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Оваа недела завршија натпреварите во групната фаза од новото натпреварување на УЕФА, Лига на нации.

Како што е познато, Македонија заврши на лидерското место во групата 4 од Д лигата и обезбеди пласман во плеј-офот, преку кој победникот обезбедува пласман на ЕУРО 2020.

Еден од најдобрите играчи во нашата репрезентација секако беше Енис Барди, кој имаше значаен придонес во освојување на првото место.

Бевме сведоци на неколку прекрасни потези и голови на Барди, но оној во последното коло против Гибралтар придизвика посебно внимание кај фудбалската јавност ширум светот, а УЕФА го смести во Топ 5 најдобри.