Голф од 76.000 евра – вака ќе изгледа тоа чудо


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


По промоцијата на „Golf R Performance“ и „Golf R 20 Years“, пристигна и „Golf R 333“. Бројката во името има симболично значење дека „Volkswagen“ ќе понуди точно 333 единици, но и дека автомобилот ќе има исто толку „коњи“ под хаубата. Секој ќе чини 76.410 евра.

Нема сомнеж дека и овој „Golf“ многу брзо ќе „запали“ и покрај тоа што јубилејното издание на „R 20 Years“ чинеше многу помалку, 59.995 евра.

Дојдоа некои нови времиња кога „Golf“ има мотор кој произведува над 300 КС. Поточно, 333 КС, а тоа е добро познатиот бензински мотор 2.0 TSI.

Специјалната верзија ќе ја препознаете и по новата жолта нијанса што се нуди на обичниот „Golf“, но никогаш не била достапна на верзијата „R“.

Во исто време, покривот е црн, исто како и деталите на каросеријата и 19-инчните тркала „ Estoril“. Издувниот систем Акрапович ја заокружува понудата на најскапиот „Golf“.

Додадете ги на тоа сините сопирачки клешти, затемнети стакла и LED матрикс светлата, и тоа е сè од вестите за надворешноста на автомобилот.

Во кабината, покрај етикетата за специјална верзија, има и озвучување „Harman Kardon“. Системи за помош при возење и навигација „Discover Pro“.

Оваа верзија може да развива и 270 км/ч со забрзување до 100 км/ч за 4,6 секунди.

Како што е најавено, секој изложбен салон ќе може да добие само по еден примерок од 2 јуни. Судејќи според искуството од минатото, тој би можел да биде распродаден за рекордно време.

Првите испораки до клиентите започнуваат дури во септември.