Големото политичко враќање на бескомпромисниот Јанис Варуфакис


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бившиот министер за финансии од владата на Алексис Ципрас, фамозниот и бескомпромисен Јанис Варуфакис, чиј критички став против глобалните мерки за штедење силно одекна европската политика, се враќа директно на политичката сцена и тоа како кандидат за европратеник преку германските избори за еврозоната во мај следната година.

Варуфакис е кандидат на движењето „Демократија во Европа“ (ДиЕм25) кој тој го основаше во 2010 со цел и идеја „да ја демократизира Европа“.

Варуфакис остави траен белег во Грција откако владеачката Сириза на Алексис Ципрас го постави за министер за финансии, но по шестмесечен отпор и критики кон глобализмот се повлече од министерската функција откако земјата потпадна под должничкиот притисок.

„Ја прифаќам номинацијата, бидејќи ја симболизира новата транснационала политика, од која имаме потреба во Европа”, изјави тој на прес-конференција во Берлин, каде што неговите колеги поставија банер со натпис „Европска пролет”.

„Ве повикувам сите вас да ни се придружите во ова паневропско барање на демократијате во Европа, демократија во Германија, како услов за просперитет и автентична демократија“, рече тој.