Големо разочарување: Бренсон откри што најдоа на дното од Сината дупка кај Белизе


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Откако ги направија нуркачките истражувања на една од најатрактивните океански локации на планетата Земја, Сината дупка кај Белизе, Ричард Бренсон и научниците кои беа дел од експедицијата открија дека на дното од истата наишле на големо разочарување.

Големата сина дупка на Белизе , која за многумина е најголема мистерија на океаниот , се претвори во разочарување за истражувачите. На групата авантуристи , кон крајот на минатата година им се приклучи и милијардерот Ричард Бренсон. Она што го открија е навистина депресивно .

„За жал на дното видовме пластични шишиња, што е вистинска казна за океанот” напиша Бренсон на својот блог.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Richard Branson (@richardbranson) on

Бренсон на дното на дупката се спушти со подморница заедно со Фабијан Кусто, а нивната авантура беше најавувана на Дискавери. На длабочина од околу 90 метри наишле на сталактити , кои по правило се формираат на сув терен , што значи дека нивото на океанот може да варира. Тоа значи дека некогаш нивото на морињата било за стотина метри пониско.

„Тоа беше еден од најсилните потсетници на опасноста од климатските промени , што сум ги видел.”, рече Бренсон. Тој заклучи дека неговите внуци кога во 2050 ќе имаат триесетина години , не би сакал да ги остави во свет без корали и други чуда на океаните.