Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во мисијата за истражување на „Големата сина дупка“ која започна вчера, на 2 декември, се приклучи и славниот милијардер Ричард Бренсон, познат по неговата пасија од адреналински дисциплини и возбудливи авантури.
Експедицијата има за цел да ја реши најголемата мистерија на океанот. „Големата сина дупка“ е широка 300, а длабока околу 125 метри. Откроена е 1971 од истражувачот Жак Кусто.
Иако речиси половина век е една од најомилените нуркачки дестинации во светот, дупката досега не е целосно истражена.
Внукот на Кусто, Фабиен, ќе му се придружи на Бренсон, кој ќе истаржува со специјална подморница Aquatica Stingray 500, за да откријат што има на нејзиното дно.
Експедицијата наречена Blue Hole Belize 2018 Expedition започна да се емитува во живо на Dicovery Channel..