Голема свадба во тврдина од 120 милиони евра: Во сабота Надал и Марија „рипаат в тавче“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Моментално еден од најдобрите светски тениски рекети, Шпанецот Рафаел Надал, во сабота официјално стапува во брак со неговата долгогодишна девојка, Марија Перељо – Циска.

Долго планираната и подготвувана венчавка ќе се одржи во старата тврдина Форталезе вредна дури 120 милиони евра.

Вториот светски тенисер и неговата избраничка одлучиле судбинското „да“ да го изговорат во родната Мајорка. Инаку, убавата Циска која веќе 14 години е во врска со Рафа Надал е мирна и повлечена девојка која не се експонира во јавноста и работи како стратешка директорка во Фондацијата „Рафаел Надал“.

Рафа и Чиска сакаат нивната свадбена церемонија да биде далеку од очите на медиумите.

Поради тоа на гостите на свадбата ќе им биде забрането носење на мобилни телефони во тврдината Форталезе , за да се спречи објавување на фотографии на социјалните мрежи. Сите гости до тврдината ќе пристигнат со автобус по единствениот пат кој води до ексклузивната локација. Собирното место од каде гостите ќе тргнат кон тврдината е Тениската академија на Рафаел Надал која се наоѓа во 50 километри оддалечениот град Манакор.

-Се очекуваат околу 350 гости, кои нема да смеат да носат мобилни. Жените се замолени да носат долги фустани. Се очекуваат многу познати личности, како легендарниот тенисер Роџер Федерер и неговите колеги Фернандо Вердаско, Фелицијано Лопез, Карлос Моја, славниот кошаркар Пау Гасол, мегапопуларниот пејач Енрике Иглесијас, …, откриваат шпанските медиуми.

Свадбената веселба ќе чини околу 40.000 евра, но во оваа сума не се пресметани трошоците за сместување на гостите, кои доаѓаат од сите краеви на Европа. Сите компании кои се вклучени во свадбата, како рестораните, хотелите, декоратерите, мораа да потпишат договор за приватност, за во јавноста да не излезат детали од церемонијата.

-Надал побара од компанија за обезбедување да се оневозможат дроновите да летаат над тврдината Форталезе. Изнајмувањето на ова алокација дневно чини 25 000 евра. На свадбата се очекува да присуствува и поранешниот шпански крал Хуан Карлос со сопругата Софија, пренесуваат медиумите.

Рафа и Чиска ќе ги венча свештеникот Бартомеу на едноставна и интимна церемонија во присуство на најблиските .