Home Спорт Голема полициска акција во Шпанија: Уапсени многу фудбалери за месетење натпревари!

Голема полициска акција во Шпанија: Уапсени многу фудбалери за месетење натпревари!

Борбата против корупцијата во фудбалот продолжува, а денес беше направена голема полициска акција во Шпанија.

Утрово на прија на првите луѓе од Примера беше покрената голема акција,а се однесува на местење натпревари во финишот на минатата сезона.

Приведени се неколку сегашни и бивши фудбалери од првата и втората лига под обвинение дека учествувале во местење натпревари за да придобијат финансиска корист.

Според податоците на полицијата, глава на целата криминална група е бившиот играч на Реал Мадрид, Раул Браво. Заедно со него биле Борха Фернандез од Ваљадолид, Карлос Аранда, Саму Дијаз од Гетафе и Ињиго Лопез од Депортиво.

Покрај играчите приведени се и првиот човек на Хуеска, Аугустин Лопез, како и шефот на медицинската служна на истиот клуб, а полицијата детално ги претресе канцелариите на Хуеска.

Сите уапсени се обвинети за припадност во криминална организација која се бави со перење пари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…