Голема полициска акција: Уапсени два лица поради перење пари при трансферот на Митровиќ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека во тек е голема полициска акција во Лондон, Монако и Брисел поради сомнеж дека се испрани пари во трансферот на српскиот напаѓач, Александар Митровиќ во Њукасл.

Напаѓачот во 2015 се пресели на Сент Џејмс Парк во зделка вредна околу 18,5 милиони евра, но неодамна беше отворена истрага поради сомнителни активности и во април беше извршен претрес во канцелариите на Андерлехт и Фудбалската федерација на Белгија.

Утрово имало нови претреси на седум локации во Белгија, Монако и Лондон и биле уапсени две лица поради перење пари и корупција. Во акцијата се уапсени еден менаџер и неговиот асистент, но се уште не се споменуваат имињата.

Кога трансферот се реализираше пред четири години, медиумите шпекулираа дека за богатата зделка помогнале познатите агенти Пини Захави и Фали Рамадани, кој по потекло е од Македонија.

Засега, обвинителите не откриват дали овој случај е поврзан со минатогодинешниот скандал кој избувна во Белгија но и во Источна Европа кога полицијата изврши 57 претреси и уапси неколку лица поради сомневање за перење пари и местење натпревари.