Голема победа по пресврт над Тунис за старт на СП


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација по пресврт во финишот на мечот покажа карактер и успеа да го совлада директниот конкурент за пласман во втората фаза.

Македонската репрезентација со победа 34:30 (13:14) над Тунис стартуваше на 25-то Светско првенство. Македонија мечот го доби со пресврт во последните 19 минути, кога успеа да ја стигне предноста на противникот од четири гола.

Капитенот Кирил Лазаров имаше маестрална партија со 12 голови и разбирливо беше избран за играч на натпреварот. Манасков и Стоилов постигнаа по седум погодоци.

Пресвртен момент во натпреварот беше во 45’ кога македонија израмни на 25– 25, откако туниските ракометари по почетокот на воторот полувреме постојано водеа со 2 до 4 гола разлика. Во 51’ Македонија поведе со 29 – 28, а во 53’ клучна одбрана имаше Трајковски и преку контрите на Мансков се создаде посериозна разлика што ја одржавме до самиот крај.