Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пред 23 години навивачите во Англија ја видоа една од најтешките повреди во историјата на фудбалот.
Тој ден на мечот против Манчестер Јунајтед заврши кариерата на играчот на Ковентри Дејвид Буст , а докторите едвај му ја спасија ногата.
Имено, Буст беше буквално масакриран од легендите на „црвените ѓаволи“, Денис Ирвин и Брајан Мклаир кои во исто време му стартуваа со лизгачки старт.
Буст веднаш по ова беше пренесен во болница каде беше опериран, но тука почнал неговиот пекол. Докторите му соопштиле дека веќе нема да може да игра фудбал, и дека е неизвесно дали ќе може да му ја спасат ногата.
„Јас не сум познат како некој добар фудбалер, туку поради мојата повреда и лузни. Дури и кога играм некој хуманитарен меч, луѓето барат од мене да им ја покажам ногата. Таа случка сакам да ја заборавам, но не можам бидејќи секогаш кога ќе погледнам во ногата, ми се враќа сеќавањето. Се сеќавам кога докторите ми рекоа дека би можело да ми ја ампутираат ногата, тоа за мене беше шок. Дури подоцна се помирив дека веќе нема да можам да играм фудбал“, изјави Буст.
„Имав голем број операции и поминав вистински пекол. Не се променив бидејќи фудбалот ми е и понатаму број еден. Играв некогаш во најдобрата лига на светот и го чував Кантона. Мојот сон е остварен, но се заврши на најлош можен начин. Се сеќавам дури и Сер Алекс Фергусон доаѓаше во болница да ме посети. Сите ми дадоа поддршка тогаш“.
Овој 51-годишник по кобниот момент во рок од 12 дена имал 10 операци, а подоцна уште 12 операции за да би можел повторно да оди.