Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Интернет продавницата Amazon објавува книги за продажба кои целосно го негираат холокаустот, како воопшто да не се случил што во Европа се нарекува говор на омраза, а тоа во многу земји е подложно на казнување според закон.
Најпрво за таквите книги пишувало во Sunday Times, по што Amazon бил принуден да ги отстрани рекламите. Дел од насловите се: Митот за истребување на Евреите, Холокауст: најголемата лага кажана некогаш, Измама на 20 век и слично.
Се работи за ширење на пропаганда за непостоење на 6 милиони убиени Евреи, но и милиони други етнички, расни, полови и социјални групи . Првите напори за прикривање на нацистичките жртви се од Втората светска војна. Тогаш под команда на Хајнрих Химлер уништувани се документи за жртвите, гробиштата и се другоод кое би можело да го реконструира кривичното дело без преседан во историјата. Забележан е и говор на Химлер од октомври 1943 во кој тој говори дека сѐ мора да се чува во тајност.
Прва истакната личност која отворено говорела за опасноста од прикривање на Холокаустот после војната е генералот Двајт Ајзенхауер во 1945 година. Тој го посетил местото на настатанот за во случај во Америка да се појави сомневање или претпоставка дека приказните на нацистичките бруталности се само пропаганда. Доказите за нацистичките злочини во тоа време се изнесени пред судот во Нирнберг.
За нивното негирање се појавила пропаганда и во земјите од бивша Југославија, а американскиот историчар, Хари Елмер Барнес, бил еден од главните личности што ја ширел истата.