Голема чест за Македонецот: Мајсторијата на Христов е гол на денот во Премиер лигата (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Официјалната Фејсбук страна на Премиер лигата денес му оддаде голема чест на поранешниот македонски фудбалер Ѓорѓи Христов, кој своевремено го носеше дресот на Барнсли.

Имено, мајсторијата на Христов од 31 март 1998 година против Блекбурн, денес беше избрана за „гол на денот“ во Премиер лигата.

Христов 38 пати го носеше дресот на Барнсли, а осум пати успеа да се запише во листата на стрелците.