ГОЛЕМА АНАЛИЗА НА БИЛ ГЕЈТС: „Шест иновации кои ќе го трансформираат светот“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Познатиот IT експерт, милијардер и филантроп, Бил Гејтс, за престижниот Times напиша свое видување за тоа кои скорешни иновации значително ќе влијаат на човештвото, а со тоа и ќе го променат светот.

Кога Јохан Гутенберг ја измисли печатарската машина, тоа го смени текот на историјата. Истото може да се каже и за Едисоновата светилка и низа други технолошки и здравствени иновации кои му се случиле на човештвото во минатото. Еве неколку изуми за кои мислам дека ќе ја сменат историјата на човештвото, вели Гејтс.

1. Подобро чување на вакцините

Вакцините спасуваат милиони животи ширум цел свет, но се расипуваат ако не се чуваат на соодветна температура. Група инженери од Global Good во Сиетл создадоа иновативен ладилник наречен MetaFridge, кој ги држи вакцините на безбедно и оптимална температура дури и при долготрајни прекини на струја.

Работат и на пренос на ладилникот кој би овозможил транспорт на вакцините и во најзафрлените краишта на планетата, за да бидат подостапни за што повеќе луѓе.

2. Преуредување на генот

Замислете ја иднината во која можете едноставно да се преуреди ДНК на болните лица за да им се подобри здравствената состојба, или од комарците да се отстрани генот кој овозможува пренесување на маларија. Уште сме во ран стадиум на развој на алатката за „едитирање“ на генот и знам дека постојат многу прашања за тоа како одговорно да се користи оваа технологија. Но, нејзините можности ме исполнуваат со надеж.

3. Соларно гориво

Ако планираме да ја прекинеме нашата зависност од фосилните горива и да ги забавиме климатските промени, потребни ни се голем број различни пристапи.

Неодамна посетив лабораторија во Caltech, во која научниците истражуваат начини како сончевата енергија да се претвори во гориво. Уште сме далеку од денот кога својот автомобил ќе можеме да го наполниме со сончево гориво, но креативниот пристап на Caltech ми дава надеж дека во блиска иднина ќе можеме да постигнеме енергетско чудо.

4. mRNK вакцини

Повеќето вакцини користат ослабени или деактивирани форми на вируси за на телото да му помогнат да создаде имунитет и да ги спречи заболувањата. Научниците проучуваат како наместо тоа, да се користи генетски материјал, со што би се овозможило побрзо и поевтино создавање на нови видови вакцини.

Ако можеме да го научиме нашето тело само да создава природна одбрана, би можеле да го револуционеризираме начинот на кој ќе ги спречуваме болестите.

5. Подобрување на доставата на лекови

Ако било кога сте биле принудени да примате лек во одредено време секој ден, тогаш знаете колку е лесно да го пропуштите пиењето на таблета.

Компанијата Intarcia сака да го промени тоа. Создадоа мала направа која се всадува под кожата и полека го испушта лекот во крвотокот.

Постојат бројни начини на кои таа технологија може да се искористи за да се подобри третманот на пациентите, но најмногу ме возбудува превенцијата од ХИВ. Еден имплант би можел да го штити еден човек од ХИВ и до една година.

6. Вештачка интелигенција

Од сите иновации на пописот, оваа делува како онаа која најмногу ќе го промени начинот на живеење. Иако вештачката интелигенција ќе создаде и нови предизвици со кои ќе мора да се занимаваме, вклучително и како да се спречи губењето на работните места на работниците кои ќе бидат суфициратен кадар поради автоматизацијата, мислам дека севкупно, нашиот живот ќе биде попродуктивен, поефективен и полесен.