Goldman Sachs менува став: Биткоинот е новото злато


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Извештајот на американскиот инвестициски гигант Goldman Sachs кој го добија нивните клиенти во текот на оваа недела, меѓу другото, прави осврт и на пазарот со криптовалути.

Аналитичарот Зак Пандл во извештајот напишал како одеднаш големата побарувачка на биткоинот во светот создаде незадоволство на луѓето кој се моментално во постоечкиот монетарен систем и банкарската инфраструктура. Од ова, тој извади заклучокот дека криптовалутите во блиска иднина треба да станат нов вид на сопственост во кое се чува богатството – исто како златото и другите безбедни и стабилни форми на сопственост.

Бикоинот во иднина на инвеститорите ќе им носи пониски приноси на долг рок, но тој и понатаму ќе продолжи со стабилна цена која ќе овозможи заштита и чување на средствата од девалвација на безбеден начин. Затоа во биткоинот ќе почне да се инвестира на начин сличен на оној што сега се инвестира во златото.

Во истиот извештај, прогноза поврзана со цената на биткоинот е негативна, а е изразен и скептицизам за експоненцијалниот раст на целокупниот крипто пазар. Но, виртуелните валути да бидат природен наследник на сегашните пари е сеуште рано. Постепеното прифаќање на криптовалутите и фактот дека тие функционираат, ќе придонесе повеќе и повеќе луѓе да се свртат кон нив, рече дитекторот на “Голдман Сакс”, Бланкин минатата година.