Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Скапи вечери, забави на јахти, шопинг во познати дизајнерски бутици – сето тоа е секојдневние за Жан Мари Алмула, спонзоруша која инсистира на сфаќањето дека нејзиниот начин на живот ги зацврстува и охрабрува жените.
25-годишната спонзоруша од Флорида ужива во својот екстравагантен животен стил благодарение на бројните „спонзори“ кои ја честат вечери, патувања, облека, луксузни и скапи подароци, па дури и со суви пари. На 17 години на неколку месеци се вратила кај роднините по нејзиниот татко во Абу Даби, каде побегнала од договорен брак. Таму ја терале да носи хиџаб, па поради тоа смета дека нејзината голотија е израз на нејзината слобода како жена, вели за Daily Mail.
„Не се врти сè околу сексот. Тие всушност бараат некој со кого ќе можат да разговараат. Да им беше само за секс, ќе одеа кај жените кои нудат ескорт услуги. Тие сакаат друштво со некој кој ги разбира и со кого можат да разговараат за време на вечерата. Многу луѓе тоа го поврзуваат со проституција, но проститутките си ја завршуваат својата работа, ги земаат парите и си одат. А ова не е баш така, често сексот воопшто не е вклучен во односот“, вели Жанмари.
„Кога имав 15 години победив на два натпревари за убавина, на Miss City Beautiful Teen и на Miss Avaloq Park Teen USA. Бараа да одбереме платформа на која ќе дејствуваме активистички и повеќето девојки одбраа права на животните и будење на свеста за ракот. Јас избрав учење како да се засакаш себеси. Започнав со организација за зајакнување на младите девојки и сега пишувам книга со совети со наслов Чекори и самодоверба“, открива таа.
Прв пат размислувала да стане спонзоруша во 2015 година, после разводот од нејзиниот сопруг, но кога пријателите ја запознале со таквиот начин на живот, малку се колебала. „Првин не сакав да го работам тоа и не верував во тоа, но всушност токму таа работа ми го спаси животот. Звучи глупаво, но кога дипломирав на Флорида, немав ништо. Така што, знам што значи немаштија, па токму поради тоа оваа работа ми е како остварување на соништата“, заклучува Жанмари.
Денес добива од 60 до 100 пораки дневно, а моментално излегува со тројца спонзори. „Напредував од брак со мажи кои ме искористуваа за зелена карта, до самостоен живот во сопствен пентхаус“. На реакциите од луѓето за нејзиниот начин на живот и заработка вели: „Искрено не ми е грижа што мислат луѓето. А и што мислат? Мислат дека сум паметна и генијална“.