Ѓоковиќ порача: Ја видов поканата од Заев и ја прифаќам – морам да го видам Охрид (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


После епскиот финален дуел со Роџер Федерер на Вимблдон, на прес-конференцијата за медиумите, Новак Ѓоковиќ од новинарот на Макфакс доби две прашања на кои даде конкретни одговори.

Запрашан дали вечерва ќе се слави исто како и после натпреварот против Хуркач и дали повторно ќе запее некоја македонска песна со која ќе ги поздрави македонските навивачи, Ноле одговори:

„Многу поздрав до Македонија, до Скопје. Ви благодарам многу. Не е тука кумот Невен, тој беше соучесник на забавата кога пеевме после победата против Хуркач. Ќе видиме какво ќе биде расположението, сега е веќе доцна, децата ќе спијат. Веројатно жена ми и јас ќе запееме некоја балада.“

Запрашан дали ја видел јавната покана упатена од премиерот Заев да ја посети Македонија, Ѓоковиќ рече:

„Ја видов поканата и го прифаќам повикот, не знам кога тоа ќе се случи, но сигурно ќе дојдам во Македонија бидејќи морам да го видам Охрид.“

Овие одговори можете да ги видите после 16. минута на видеото.