Ѓоковиќ пак го „јадат“ – сега заради оваа фотографија од авион


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Светскиот тениски рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, во изминатиот период беше во центарот на вниманието поради сè што му се случуваше во Австралија.

Откако беше депотиран од Австралија, Новак се врати во Белград, а фотографија од авионот која ја направил негов сопатник предизвика нови коментари. На Ѓоковиќ сега му се замерува затоа што не носи маска додека е во авионот. Маската во главно е задолжителна во сите авиокомпании.

За критичарите на Новак ова е нов доказ дека српскиот тенисер не е доволно внимателен во текот на пандемијата.