Ѓоковиќ на собирање компири во родниот крај


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Светскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ на својот Фејсбук со обожавателите и јавноста сподели фотографии со кои уште еднаш ја покажа и докажа својата скромност и приземност.

На фотографиите Ноле е сликан како работи на нива со компири, во земјоделското место Брзеќе од неговиот роден крај. Порача дека е горд што потекнува од ваков крај и горд на својата родна земја со таков вреден народ.

Фотографиите се направени на една нива во местото Брзеќе каде собирал компири заедно со жителите. Тој им се заблагодари на сите за ова убаво искуство во родниот крај, а за возврат за неговата помош добил и вреќа компири.