Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Ник Кирјос одново застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ кого вечерва го очекува судењето на кое треба да биде донесена конечнатао длука.
Кирјос важеше за еден најголемите критичари на Ѓоковиќ, но во оваа ситуација цврсто стои зад Ѓоковиќ и го поддржува, за разлика на пример од Надал кој редовно го криткува откако започна оваа ситуациј.
„Се срамам како австралиски спортист кој добро знае што тој човек направи за нас и за спортот. Мислам дека начинот на кој се однесуваме кон него не е исправен, но медиумите тука тоа го сакаат, тие сакаат да ги делат луѓето“.
Сега австралискиот тенисер одново се огласи.
„Кога првпат го поддржав Ѓоковиќ добив милион пораки во стилот: Како можеш!? На сите им одговорив дека го разбирам. Кога ќе ме прашаат како се чувствувам одговарам – засрамено! Само бараше разбирање, а цела Австралија се насочи кон него“.
Откри дека добил порака од Ѓоковиќ.
„Добив порака од него ми напиша: Ти благодарам што си покрај мене. Се обидуваше да ја сфатиш ситуацијата и имаш малку објективност пред да „испукаш куршум““.