Ѓоковиќ јавно призна дека во живо дал интервју за Л’Екип знаејќи дека е позитивен на Ковид-19


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Светскиот тениски рекет број еден, Новак Ѓоковиќ рано утринава објави лична изјава на својот Инстаграм профил и одговори на се позачестените напади во медиумите, за околностите на тестот на ковид-19, резултатите од ПЦР тестот и присуството на настаните по тестот за коронавирусот.

Тој потврди дека дал интервју за францускиот Л’Екип, свесен дека е позитивен и изрази жалење поради таквата одлука, како и дека неговиот тим погрешил при пријавувањето на патувањето.

Сето тоа Новак го објасни во несекојдневната изјава што ја објави среде ноќ, а ние ја пренесуваме во целост.

– Сакам да одговорам на дезинформациите за моите активности и присуство на настаните во декември, во врска со мојот позитивен резултат на ПЦР тестот за ковид.

Ова е дезинформација што треба да се коригира, особено за да се намали загриженоста за моето присуство во Австралија и да се решат прашања кои се многу болни и загрижувачки за моето семејство. Сакам да истакнам дека многу се трудев да обезбедам сигурност за сите, како и да обезбедам целосна соработка во однос на обврските поврзани со тестирањето.

Бев на кошаркарски натпревар во Белград на 14 декември, по што беше пријавено дека неколку луѓе кои биле таму биле позитивни на ковид-19.

Иако немав симптоми на коронавирусот, направив брз антиген тест на 16 декември, кој беше негативен и како дополнителна мерка на претпазливост, истиот ден направив и официјален и одобрен ПЦР тест.

Следниот ден присуствував на тениски настан во Белград за доделување награди на деца, направив брз антиген тест пред да одам на овој настан и беше негативен.

Немав симптоми, се чувствував добро, а известување за позитивен ПЦР тест добив дури по тој настан, стои во соопштението.

Новак потврди дека дал интервју за француски Л’Екип, свесен дека е позитивен и изрази жалење поради таквата одлука.

Се чувствував должен да направам интервју за Л’Екип, бидејќи не сакав да го изневерам новинарот, но се држев до мерката на социјално дистанцирање и носев маска, освен за време на снимањето. По интервјуто и снимањето отидов дома и се изолирав за планираниот период, но сега ми е јасно дека згрешив во проценката, и дека требаше да ја одложам оваа обврска.

Новак со денови е на удар и затоа што во документите во барањето за виза пишува дека не отпатувал 14 дена пред да замине за Мелбурн и бил во Шпанија.

– Кога станува збор за мојата апликација за патување, таа беше поднесена во мое име од мојот тим, како што им кажав на службениците за имиграција при пристигнувањето, а мојот агент искрено се извинува за административната грешка што ја направи кога ја пријави погрешната „куќа“ за моите претходни патувања, пред да пристигнам во Австралија. Ова беше човечка грешка и секако не беше намерна. Живееме во тешки времиња, во време на пандемија и сигурно е дека понекогаш се случуваат такви грешки. Денес, мојот тим стави на располагање дополнителни информации на австралиската влада за да се разјасни ова прашање.

Чувствував дека е важно да се изјаснам и да ги разјаснам дезинформациите, и нема да коментирам дополнително, од голема почит кон австралиската влада, властите и тековниот процес.

Секогаш е чест и привилегија да се игра на Австралија опен. Отвореното првенство на Австралија го сакаат играчите, навивачите и општеството, не само во Викторија и Австралија, туку и ширум планетата, и сè што сакам е можност да се натпреварувам против најдобрите играчи во светот и да настапам пред една од најдобрите публики од сите – вели српскиот тенисер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)