Ѓоковиќ го освои US Open: Ноле со пцовки кон навивачите, интервенираше и обезбедувањето


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ направи вистинско атрактивно враќање на елитната тениска сцена со освојување и на US Open, откако претходно го освои Вимблдон. Србинот со 3:0 во сетови беше подобар од Аргентинецот Дел Потро во финалето на американскиот грен слем.

Српскиот тенисер на голема врата се врати на сцена, а после титулата на Вимболдон ова за Ноле е втор Гренд Слем трофеј во сезоната иако пред неколку месеци многумина го отпишаа.

Борбата меѓу Ѓоковиќ и Дел Потро беше неверојатна, а атмосферата беше како на фудбалски натпревар. Аргентинските навивачи направија се за да го бодрат својот тенисер, а некои дури се обидуваа со довикнувања да му попречат на Новак.

Во еден момент Ѓоковиќ ги загуби нервите, а на снимката се јасно гледа дека имаше што да им каже. Организаторите на натпреварот веднаш реагираа и беа отстранети Аргентинците кои довикуваа од трибините.