Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Српскиот тенисер и моментално најдобар светски рекет, Новак Ѓоковиќ, после топлата Шпанија, ужива во убавините на Хрватска, каде уште еднаш докажа дека е мераклија за пеење. Во друштво на сопругата Јелена Ноле се опушта и се забавува во Корчула.
Ѓоковиќ на Инстаграм објави видео клипче од една неименувана колиба на Корчула, каде се гледа како во опуштена и добра атмосфера ужива во безвременскиот хит на Оливер Драгојевиќ „Kad mi dođeš ti“.
Тенисерот во описот на видеото напиша дека на Корчула доживеал магична вечер и прекрасно, неповторливо искуство.
View this post on Instagram
„Kad mi dođeš tiii i osmjeh vratiš miii, sva patnja i bol života mog će proć… Магична вечер. Пеење со клапа од Корчула. Прекрасно искуство. Благодарен сум што споделувам вакви посебни моменти со Јелена“, напиша Ноле.