Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако си замина од Австралија поради одземање на визата, со што ја пропушти и можноста да го брани престижниот тениски трофеј од Австралија Опен, заради невакцинираниот статус кој го има, Новак Ѓоковиќ на професионален план се соочува со нов проблем.
Сите невакцинирани тенисери нема да имаат право на настап и на францускиот тениски турнир „Ролан Гарос“. Ова официјалната одлука денеска ја потврди француската министерка за спорт Роксана Марасинеану, наведувајќи дека услов за настап на парискиот Грен слем ќе биде валиден сертификат за вакцинација.
Истиот услов од претходно го најавија и од „Вимблдон“ и „САД Опен“.
Тоа значи дека доколку Ѓоковиќ не се вакцинира во следниот период нема да може да игра на ниту еден од четирите големи гран слем турнири сезонава.
Со вчерашната депортација од Австралија, заврши 11-дневната правна борба која Ѓоковиќ ја загуби во дуелот со австралискиот Федерален суд.
Најдобриот светски тенисер пристигна во Австралија за да учествува на првиот гранслем-турнир сезонава, со медицинско ослободување од вакцинација. Прво му беше одбиена визата, а потоа ја доби по жалбата на суд. Но, министерот за имиграција Алекс Хоук му ја откажа визата и двете страни повторно завршија на суд.
Веста дека Ѓоковиќ нема да може да игра и на Ролан Гарос доколку не се вакцинира силно одекна во српските медиуми кои ја пренесоа како нов напад врз најдобриот тенисер во светот.