Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Можеби звучи чудно и за наши услови нереално, но Службата за контрола на летови во Нов Зеланд мака мачи да најде кадат кој ќе ги пополни работните места кај нив за кои тврдат дека не бараат никакви посебни услови и квалификации од кандидатите.
Нудат почетна плата од 95.000 новозеландски долари или околу 57.000 евра годишно за само четири работни дена неделно за работно место контролор на летови. Единствен услов е кандидатите да имаат најмалку 20 години и завршено средно образование.
„Моментално вработуваме и сакаме да ни се јават кандидати кои ќе бидат подготвени да работат кај нас. Мислам дека многу различни луѓе би можеле да работат, но немаме многу пријави“, вели главниот менаџер Тим Бојл, а пренесува Индекс.х
По основните тестови и проверки за способност, следи платена обука и тренинг за контролор на лет во траење од 12 месеци.