Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според податоците кои ги објави Управата за јавни приходи, според личните приходи во државава, за првпат жена избива на првото место.
Податоците на Управат за јавни приходи покажуваат дека скопјанка со годишен приход од 17,1 милиони евра е највисокиот приход остварен во 2018 година. Таа успеала да се искачи на првото место по заработка, откако добила и највисок износ на капитална добивка во последните 10 години 13,6 милиони евра.
Податоците на Управат за јавни приходи покажуваат дека мала група на граѓани, секоја година, заработуваат сè повеќе пари. Највисоката плата во дражавата, повторно, била исплатена во приватното здравство. Фантастични 250 илјади евра месечна бруто плата добивал вработен од Скопје или за цела година тој добил 2,98 милиони евра. УЈП не го открива неговиот идентите.
Велат дека станува збор за Македонец, а не за странец вработен во земјата.
Највисоките плати биле исплатени во тутунската индустрија, компјутерското програмирање, аптеки и изградба на објекти.
Највисокиот исплатен бонус од работен однос на годишно ниво изнесува речиси 2 милиони евра.
Скопјани се на врвот на листата за остварени најголеми приходи. На листата од 10 лица, седуммина се од Скопје, еден е од Гевгелија, Струмица и еден од Тетово.
Највисок годишен бруто приход само по основ на пензија од странство е пријавен во Скопје во износ од 93 илјади евра.
Бројките на УЈП покжуваат дека земјоделието е најисплатливо во Гевгелија. Еден граѓанин таму остварил приход од продажба на сопствени земјоделски производи во износ од 410 илјади евра.
Од издавање на земјиште, станови и деловни простории и понатаму најмногу заработил тетовец, кој пријавил приход од 1,3 милиони евра. Само од дивиденда скопјанец, пак успеал да заработил 6,6 милиони евра.
УЈП за 2018 изготви пополнети ГДП за речиси 800.000 граѓани. Пријавен е годишен бруто приход од 5 милијарди евра. Од нив е собран персонален данок од 300 милиони евра.