Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Приближно седум милиони луѓе секоја година умираат како последица на изложеност на загаден воздух, објави Светската здравствена организација.
Само загадениот воздух предизвикал 4,2 милиони смртни случаи во 2016 година, додека загадувањето на воздухот од несоодветни горива и технологии предизвикало 3,8 милиони смртни случаи во истиот период, наведува СЗО.
Бројките се на исто ниво со бројот на смртни случаи регистрирани во претходна студија објавена пред две години.
Нивото на загадување на воздухот останува опасно високо во многу делови од светот, според студијата на СЗО. Нови податоци покажаа дека девет од 10 луѓе дишат високо загаден воздух.
Повеќе од 90 проценти од смртните случаи поврзани со загадувањето на воздухот се јавуваат во земјите со низок и среден приход, главно во Азија и Африка, по што следат земјите со ниски и средни приходи од регионот Источна Медитеран, Европа и Америка, според извештајот.